Бразил: Судот побара истрага против тројца конгресмени, сојузници на Болсонаро

Сподели со своите пријатели

Федералниот суд на Бразил побара истрага против тројца конгресмени, сојузници на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, за наводно поттикнување бунт, кога приврзаниците на поранешниот претседател упаднаа во претседателската палата, Врховниот суд и Конгресот во главниот град Бразилија.

Loading...

Повикот за истрага дојде откако новиот претседател Лула да Силва подготви безбедносни мерки против новите протести.

Полицијата соопшти дека 1.159 лица уапсени за немирите во неделата останале во притвор, додека 684 биле ослободени на „хуманитарна основа“ откако биле приведени, вклучително и постари лица, лица со здравствени проблеми и родители со мали деца, објави Ројтерс.

Демонстрантите упаднаа во три водечки државни институции во неделата, незадоволни што веруваат дека нивниот кандидат, Болсонаро, бил ограбен на изборите во октомври.