Брат и ја полил со киселина и ја унакажал, но еден телефонски повик животот и го претворил во бајка (видео)

Сподели со своите пријатели

Лалита Бенбаси од Индија била напдната од својот брат кој ја полил со киселина, која и оставила стравични лузни по целото лице уште во 2012 година.

Денес, целосно опоравена, 26-годишната девојка ја пронашла љубовта и се омажила и покрај несреќите кои ја задесиле.

Потресна исповед на водителката на која момчето и истури киселина на лицето

Loading...

Пред два месеци Лалита случајно свртела погрешен телефонски број и завршила збодувајќи со непознато момче, Раул Кумар, сега нејзин сопруг.

Тие по првиот разговор одлучиле дека и натаму сакаат да се слушаат и набргу станел добри пријатели, пишува „Дејли Мејл“.

Мислев дека никогаш нема да се омажам, но ете еден погрешен број се промени. Раул знаеше се за мене, за мојот изглед и стравичниот напад кој ми се случи и не се откажа од тоа да с еожени со мене – рекла прсреќната невеста.

Полудела од љубомора, па му сипала киселина на лицето додека спиел (фото)

Приказната за девојката која минала дури низ 17 операциски зафати поради напад со киселина, која и го уништила лицето заврши во медиумите, па многу ѕвезди од тамошниот Боливуд, допрени од нејзината приказна, одлучиле да и помогнат да направи венчавка каква од секогаш сонувала.