Божја сила: Грчки манастир останал недопрен, пожарот го опкружил , огнот едноставно застанал пред светото место (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пожарот што зафати дел од грчкиот остров Евија не успеа да ги натера монасите од манастирот Свети Давид да се евакуираат.

Loading...

Тие не сакале да го напуштат светилиштето небранети и незаштитени, иако огнот им се приближил и го опколил манастирот.

Поглаварот на манастирот за државната новинска агенција АНА-МПА изјави дека ситуацијата е многу тешка, дека пламените јазици се високи и до 40 метри и дека огнот го опколил манастирот.

 

 

Недопрено

Во објава објавена на Фејсбук, на грчки, се наведува дека манастирот Свети Давид на Евија е спасен – огнот го заобиколил и останал недопрен. Одлична помош од монаси и пожарникари, се додава во објавата на ФБ.

Loading...

Иако количината на чад била неподнослива, а огнот ја уништил шумата околу манастирот, по којзнае која причина, огнот едноставно запрел и го заобиколил манастирот.

Огнот ги зафатил автомобилите паркирани околу светилиштето, дрвјата, растенијата, но ниту една манастирска зграда, односно ниту една тула од манастирот не била зафатена од пожарот. Објаснување?

Можеби огнот едноставно сам запрел, ветерот го сменил правецот … или е нешто сосема трето, но оваа приказна остави силен впечаток кај грчките верниците во борбата против огнената стихија.