Божиќ во Германија помина без очекуваните инциденти, приведени има во Австрија

Сподели со своите пријатели

Германската полиција не забележала никакви инциденти за време на проверките во катедралата во Келн по предупредувањата за можен терористички напад на божиќната миса.

Loading...

Без инциденти поминаа мисите и во Виена, каде полицијата приведе четири лица во истрагата на исламистичката мрежа.

Внимателните проверки на луѓето кои влегуваа во катедралата се одвиваа без инциденти, изјави во понеделникот портпаролката на полицијата.

Мирна е и областа околу катедралата, каде што полицијата го засили присуството, додаде таа.

Пред мисата, кардиналот Рајнер Марија Волцки им се заблагодари на насобраните за нивното присуство и за тоа што не дозволиле да бидат вознемирени или исплашени.

Тој особено се заблагодари на полицијата „која донекаде ја преврте катедралата за да можат безбедно да ја слават Божиќната миса оваа вечер“.

Претходно се појавија информации дека катедралата во Келн и црква во Виена би можеле да бидат цел на напад на исламистичка група на Бадник.

Според полицијата во Келн, тоа се однесувало и за Нова година.

Loading...

И полицијата во Виена презеде дополнителни безбедносни мерки, а бадникарските миси поминаа според планираното и без инциденти.

Во главниот град на Австрија се приведени четири лица. Двајца мажи и една жена се во притвор во врска со истрагата за исламистичката мрежа, јави австриската новинска агенција АПА.

Регионалниот суд како причини за притвор го наведе ризикот од бегство, уништување докази и извршување на кривично дело.

Уреди за складирање податоци и мобилни телефони биле запленети при претрес во центар за сместување бегалци непосредно пред Божиќ.

Тројката негира дека извршила криминални дејствија, изјави портпаролката на судот. Во рацијата е приведено и четврто лице, за кое се води истрага за можно соучесништво со групата.