Борељ: На Украина ѝ е потребна помош, иако резервите на оружје во ЕУ стануваат „потенки“

Сподели со своите пријатели

Шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, денеска на состанокот на министрите за одбрана на земјите од Европската унија во Прага изјави дека ситуацијата во Украина не е подобрена половина година по рускиот напад и дека ЕУ ќе продолжи да и обезбедува на Украина помош, иако резервите на оружје во земјите-членки на Унијата значително се проретчуваат.

Loading...

„На Украина и е потребна нашата помош и ние ќе ја обезбедиме. Темата за војната во Украина за мене е најважниот дел од средбата. Се надевам дека министрите денеска ќе дадат зелено светло на мисијата за обука“, изјави Борел пред новинарите пред денешниот работен дел од дводневниот неформален состанок на министрите за одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Нашите граѓани кои ги организираа референдумите ќе сносат одговорност

Европскиот функционер рече дека покрај одлуката за мисијата за обука на украинските војници во земјите-членки, ќе ја разгледаат и натамошната испорака на оружје за Украина, иако нагласи дека резервите на оружје во ЕУ се намалуваат.

Словачка денеска во Прага нуди обука за украинските војници на нејзина територија, а нејзиниот министер за одбрана Јарослав Наѓ потсети дека Словачка и Чешка ја понудиле оваа обука пред една година.

„Таа идеја за мисија за обука е стара“. Размислувавме уште пред да започне војната“, рече Борељ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Нема преговори со Русија додека Путин е претседател

„Најважната тема на неформалниот состанок на министрите е руската агресија во Украина. Следна тема е ситуацијата во Африка и другите региони кои Русија се обидува да ги дестабилизира“, изјави чешката министерка за одбрана Јана Чернохова.

Според експертите, еден од регионите надвор од ЕУ што Русија активно се обидува да го дестабилизира е Западен Балкан.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Меркел: Зборовите на Путин треба да се сфатат сериозно