Борел: Следните месеци би можеле да одлучат за војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, изјави дека обезбедувањето нов пакет воена помош за Украина не може да чека, бидејќи, како што оцени, исходот од војната во Украина ќе се решава оваа пролет или лето.

Loading...

Поради сомневањата за континуираната американска поддршка за Киев, Борел им рече на новинарите во Вашингтон дека неговата порака до американските претставници е дека „што треба да се направи, мора брзо да се направи“.

„Тоа е нашата вистина во Европската унија. Мора да ги забрзаме работите, да ја зголемиме поддршката за да работиме побрзо. Затоа ги зајакнуваме капацитетите на нашата воена индустрија. А тоа важи и за САД“, рече европскиот функционер.

Тој додаде дека следните месеци ќе бидат „одлучувачки“.

„Многу аналитичари очекуваат голема руска офанзива ова лето, а Украина не може да го чека исходот од американските избори во декември“, посочи Борел.

Демократите на американскиот претседател Џозеф Бајден ја поддржаа воената помош за Украина од почетокот на рускиот напад врз Украина, додека поранешниот претседател Доналд Трамп зазеде порезервиран став.

Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, досега одбиваше да гласа за нацрт-законот со кој ќе се обезбеди помош од 60 милијарди долари за Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...