Борел: Руската агресија против Украина ја промени историјата на Европа, но нема и географијата

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по повод двегодишнината од војната во Украина изјави дека ЕУ е на страната на Киев од почетокот на конфликт, кој, како што рече, ја промени историјата на Европа, но не и нејзината географија преку насилство.

Loading...

„Одбележуваме две години од бруталната руска агресија врз Украина. ЕУ е на страната на украинскиот народ од тоа трагично утро што ја промени историјата на Европа, но нема повторно насилно да ја промени нејзината географија“, напиша денеска Борел на платформата Х, пренесува Танјуг.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев, по повод одбележувањето на двегодишнината од руската агресија врз Украина, а меѓу другите, италијанскиот премиер Џорџа Мелони, белгискиот премиер Александре Де Кроа а во таа земја пристигна и канадскиот премиер Џастин Трудо.