Боливија ги прекина дипломатските односи со Израел, остра реакција од Тел Авив

Сподели со своите пријатели

Израел денеска ја обвини Боливија дека „капитулира пред тероризмот и режимот на ајатолахот во Иран“, откако јужноамериканската земја ги прекина дипломатските односи со Тел Авив.

Loading...

Во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи се обиде да ја минимизира одлуката на Боливија, велејќи дека „односите меѓу земјите и онака се без суштина“ од почетокот на мандатот на новата влада, пренесува Ројтерс.

Владата на Боливија вчера објави дека ги прекинува дипломатските односи со Израел во знак на протест поради цивилните жртви во војната што Израел ја води во Појасот Газа против палестинските милитанти Хамас, кој е поддржан од Техеран.

Боливија објави дека „одлучила да ги прекине дипломатските односи со државата Израел како знак на отфрлање и осуда на агресивната и непропорционална израелска воена офанзива што се случува во Појасот Газа“.