Блинкен: Вашингтон не е подготвен да ја отстрани Куба од црната листа

Сподели со своите пријатели

САД не се подготвени да ја тргнат Куба од црната листа на земји кои го поддржуваат тероризмот, изјави во Вашингтон шефот на американската дипломатија Антони Блинкен.

Loading...

„Немаме планови да ја отстраниме (Куба) од списокот“, рече Блинкен за време на прашањата пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, во кој доминираат републиканците.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп стави крај на политиката на отвореност кон Куба иницирана од неговиот претходник Барак Обама и ја врати Куба на црната листа во јануари 2021 година.

По неговото пристигнување во Белата куќа во 2021 година, претседателот Џо Бајден вети дека ќе ја преиспита американската политика кон Куба, но неговата реторика се промени по антивладините протести во Куба во јули 2021 година.

Покрај црната листа за поддршка на тероризмот, Куба се појавува на уште една црна листа на земји каде што е загрозена верската слобода, пишува Бета, повикувајќи се на АФП.

Разговори за криминалот и миграцијата

И покрај тоа, двете земји продолжија со дискусиите за меѓународниот криминал и прашањата за миграцијата.

Висока американска делегација неодамна ја посети Куба.

Вашингтон и Хавана ги продолжија разговорите на тема миграција во 2022 година во позадина на рекордната емиграција на Кубанците, особено во САД.

Loading...

На почетокот на јануари, американската амбасада во Хавана продолжи да издава визи за Кубанците кои сакаат да се населат во САД.

Но, нормализирањето на односите со комунистичка Куба се уште не е на агендата на американската дипломатија.