Биле во брак 70 години, а починале заедно во рок од четири минути

Сподели со своите пријатели

Брачен пар кој бил во брак преку 70 години починал, верувале или не во период од само четири минути.

Херојот на Втората светска војна, Вилф Русел (93) починал во домот за стари лица на 29ти март во 06:50 часот. Неверојатно, но неговата сопруга Вера (91) која од него била одалечена 4,8 километри починала истото утро во 06:54 часот.

Вилф се борел во Италија и Северна Африка за време на Втората светска војна, а во домот за стари бил сместен откако му била констатирана деменција. Роднините велат дека здравјето на Вера запчнало да се влошува откако нејзиниот сопруг повеќе не бил способен да ја препознава при посетите. Таа била примена во болница во јануари, а починала не знаејќи дека нејзиниот сопруг починал неколку минути претходно.

Биле вљубени уште од детството кога имале само 16 и 18 години, а се венчале после војната на 5 септември 1945 година.

Внуката Стефани (44) вели дека на нејзинито дедо била дијагностицирана деменција пред година дена и дека морал да биде сместен во ддомот за да се грижат за него.

Мојата баба скоро замина да го види, но тој не ја препозна, па нејзината состојба од тој момент се влоши. Мислам дека чекаше да замине. Срцето и беше скршено – рекла внуката.

 

Loading...