БИЛА МАЖЕНА ЗА КРАЛОТ НА КОКАИНОТ: Ова е приказната за жената на Пабло Ескобар (видео)

Сподели со своите пријатели

Мито или смрт, или на шпански „plata o plomo“ е начин на кој Пабло Ескобар ја држел цела Колумбија на дланка.

Се работело за ултиматум кој го поставил на секој полицаец или на било кој друг кој му го попречувал патот. Во превод, можеле да бидаат дали ќе го направат она што Пабло ќе го посака или ќе примат куршум.

Летување во вилата на Пабло Ескобар? И тоа е можно! (видео)

Loading...

Освен кокаинот, за успехот на Пабло Ескобар е заслужна довербата насилството и митото. Врз тоа го градел своето царство – картелот Меделјн, кој во осумдесетите години за само еден ден во САД криумчарел 15 тони кокаин.

Поголемиот дел се одлучиле за „пломо“, водство, и овозможиле на момчето од колумбискиот град Рионегро во своите раце да држи 90 отсто од целата светска трговија со кокаин. Во неверојатниот живот за најпознатиот и најбогатиот дилер во светот, снимена е доста успешната серија „Наркос“.

Денес, 24 години по неговата смрт, ЦИА се уште ги бара неговите тајни залихи, па лесно е да се замисли дека бракот со таков човек навистина е приказна сама за себе.

 

 

Имено, додека серијата можеби ја претставува неговата жена Марија Викторија Енао како верна партнерка, потребно е да се разликува стварноста од фикцијата.

Ескобар бил син на скромен фармер и учителка, а Марија потекнува од доста престижно семејство. Имала само 13 години кога се запознале, а се омажила на 15. Со оглед дека била и цели 11 години помлада од Пабло, нејзиното семејство нималку не било воодушевено од целата приказна. Се обиделе да ги спречат да се видуваат, семтајќи го Пабло за прменогу прст за својата ќерка.

Пронашол заборавени пари од Пабло Ескобар – на својата фарма ископал 600 милиони (фото)

Меѓутоа, таа била тврдоглава и бунтовна, а нејзините зборови зошто се омажила подоцна ги раскажува нејзиниот син.

– Се вљубив во неговата желба да им помогне на другите луѓе и неговата емпатија за оние во неволја. Ние двајцата се возевме во сиромашни краишта и мечтаевме како таму ќе градиме училишта за сиромашните. Од самиот почеток секогаш беше џентлмен, рекла таа.

 

Loading...

Може да се заклучи дека таа и не била упатена во кирминалите планови на својот маж.

Иако да претпоставиме дека се сакале, тоа не значи дека Ескобар немал други жени. И не само тоа, тој наводно имал небројни афери, најчесто со многу помлади жени. Межу љубовниците на кралот на кокаинот се споменува и новинарката Вирџинија Ваљехо, која со него била во врска пет години, а го фалела неговиот шарм, харизма, стрст, љубивнички спостобности, но и неговата суровост во своите мемоари во 2007 година.

Иако можеби спиел на пари, Ескобар наводно имал и приватен авион само за превоз на багажот. По неговата смрт, Марија и нивните деца пребегнале во Буенос Аирес, плашејќи се од одмаздата на ривалските нарко-картели.

 

 

Аргентина им дала азил и Тата го променила името во Марија Изабел Сантос Кабаљеро. Пред тоа, семејството отпатувало во Мозамбик, а дури помош барале и од Ватикан, меѓутоа биле одбиени. Дури и со нов идентите, животот во Аргентина не бил едноставен. Неколку часаоткако е јавно откриено дека живеат во таа земја во 1999 година, Марија и Хуан Пабло биле приведени под обвинение дека перат пари.

Не сакајќи да се откажат од луксузниот живот и наводни милијарди долари кои ги имале од нарко-картелите, се извлекле без последици. Детективите подоцна рекле дека да не биле приведени, нивните идентитети никогаш немало да бидат откриени. Марија, од друга страна, тврдела дека целата истрага е политички мотивирана.

Loading...

Пронашол заборавени пари од Пабло Ескобар – на својата фарма ископал 600 милиони (фото)

По целата работа со Аргентина, Марија останала некој вид на мистерија. никој всушност не знае каде е денес, што за неа самата е одлична работа. Со оглед дека нејзините деца и натаму живеат во Аргентина, постои голема шанса и таа да е таму, притаена, а можеби и оперирана.

 

 

Но, постојат и некои тврдења дека таа под друг идентите се преселиле во Северна Каролина во САД. Нејзиното последно појавување во јавноста било во документарецот од 2009 година „Sins of my father“ (Гревовите на мојот татко“, со кој Хуан Пабло барал прошка за однесувањето на својот татко.

Велат дека зад секој моќен маж стои голема жена, но со оглед дека таа и 20 години по неговата смрт живее под псевдоним, јасно е како марија и целото нејзино семејство платило огромна цена за криминалиот животен стил на Пабло Ескобар.

https://youtu.be/U7elNhHwgBU

Повеќе од се, житото на Марија открива дека да се биде жена на гангсѕер не е гламурозно како што се прикажува во филмовите. Обично се сведува на гледање преку раменици и криење во текот на целиот живот.

https://youtu.be/_QXAaVJjWWo