Безживотно тело на мигрант пронајдено во езеро во кумановско

Сподели со своите пријатели

Безживотно тело на мигрант вчера било пронајдено во езеро во селото Речица во Куманово.

Loading...

– На 10.02.2022 во 16.03 часот во СВР Куманово било пријавено дека во водите на езерото во с.Речица било пронајдено тело на машко лице – мигрант, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител по чија наредба телото било дадено на погребално претпријатие.

Никола Ивановски