Без вода четири улици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без вода во текот на денот, поради дефект на водоводната мрежа, без напојување ќе останат жителите на четири улици во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Страшко Симонов“, „Ѓорче Петров“, „Александар Здравковиќ“ и „Борис Кидрич“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

Leave a Reply