Бесплатниот автобуски превоз во Куманово ќе трае до септември

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово на предлог на градоначалникот Максим Димитриевски, со мнозинство од гласовите денеска одлучи мерката за субвенциониран автобуски превоз на граѓаните во Куманово да биде продолжена за уште три месеци.

Loading...

Со новата одлука бесплатен превоз граѓаните ќе користат до крајот на месецоt септември, а за таа намена од буџетот се прераспределени уште 15 милиони денари.

Дел од совентиците од опозицијата денеска гласаа против одлуката, притоа барајќи првин детална анализа од општинските служби колку граѓаните ја користат оваа мерка.

Како што рече денеска градоначалникот Димитриевски се прават напори мерката да се продолжи до крајот на годината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

– За два квартали веќе имаме обезбедно средства, во фаза е постапка за изработување на конечни резултати од тоа колку граѓаните се задоволн од автобускиот превоз, кои се аномалиите, дел од тие информации на оваа седница ќе бидат споделени со советниците денеска, а дел ќе бидат обезбеди со големото истражување кое општина Куманово го работи и е во тек, рече градоначалникот.

Со новите измени, одлуката за субвенциониран линиски превоз ќе ги опфати и кумановските села Бељаковце и Клечовце.

Никола Ивановски