Берни Сандерс: САД стануваат олигархија како Русија

Сподели со своите пријатели

Американскиот независен сенатор, левичар Берни Сандерс изјави дека Соединетите Американски Држави стануваат олигархија како Русија.

Loading...

Тој го изјави ова во интервју за Sky News, додека ја промовираше својата неодамна објавена книга „Во ред е да се лутиш на капитализмот“.

„Лут сум затоа што во мојата земја, САД, имаме поголема нееднаквост во приходите и богатството отколку што некогаш сме имале во историјата на нашата земја“.

Средната класа има сè помали примања, работничката класа се бори да стави храна на маса, но милијардерите се снаоѓаат феноменално.

Според Сандерс, сè помалку големи корпорации контролираат што се случува во САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студентите во Њујорк протестираа за Палестина, повеќе од 100 уапсени

„Во Америка постои класа на милијардери кои се способни да даваат огромни суми пари на одредени кандидати и да доминираат во политичкиот систем. Она што го гледаме е нација која брзо станува олигархија. Зборуваме за Русија и олигархијата на Путин. Па, има олигархија и во САД“, изјави тој.

Како причина зошто е лут посочи дека регресијата се случува и покрај технологијата што постои.

Тој рече дека со книгата сака да поттикне размислување за тоа како американските работници работат повеќе, а заработуваат помалку поради технолошкиот напредок.

Loading...

Тој ја нагласи потребата да се осигура дека технологијата работи за работникот, а не само за сопствениците на технологијата, пренесува Klix.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина