Берлин бара консензус од сојузниците за испорака на тенкови за Украина

Сподели со своите пријатели

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус вчера на состанокот на воените лидери во американската воздухопловна база „Рамштајн“ демантираше дека Берлин еднострано ја блокира испораката на тенкови „Леопард“ за Украина и додаде дека германската влада ќе биде подготвена брзо да дејствува во оваа имајќи предвид дали е постигнат консензус меѓу сојузниците.

Loading...

„Постојат добри причини за испорака, како и добри причини против, и со оглед на целокупната ситуација, и дека војната трае речиси една година, сите причини за и против мора внимателно да се одмерат“, рече Писториус, според Ројтерс од состанокот на лидерите на НАТО и претставниците на околу 50 земји кои се собраа во воздухопловната база „Рамштајн“, на последниот од серијата состаноци на кои се договараат пакети со вооружена помош за Киев.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека земјите што ја поддржуваат Украина мора да се фокусираат не само на испраќање ново оружје во Киев, туку и на испорака на муниција за постарите системи и помагање во нивното одржување.

„Исто така, мораме да бидеме свесни дека, освен новите системи, треба да се фокусираме на тоа сите платформи кои веќе постојат да можат да функционираат правилно“, изјави Столтенберг за Ројтерс.

Вчера американското Министерство за одбрана објави нов пакет помош за Киев во вредност од околу 2,5 милијарди долари, во кој ќе бидат вклучени оклопни борбени возила од типот „Бредли“ и оклопни борбени возила за пешадија од типот „Страјкер“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленскиј, обраќајќи им се на претставниците на НАТО, апелираше стотици тенкови да се испратат во Украина за да се одбранат од руската инвазија.

Зеленски преку видео врска се заблагодари за поддршката што неговите сојузници ја испратија до западните земји, но рече дека не може да губи време на разговори, пренесува Би-би-си.

„Војната што ја започна Русија не дозволува одложувања.  Стотици белешки за благодарност не се стотици тенкови. Во ваша моќ е да ни обезбедите артилерија што ни е потребна“, рече тој.

Loading...

За време на своето обраќање, Зеленски ги повика делегатите да не дозволуваат светски поредок „каде ќе владее омразата“ и побара од нив да ги удвојат напорите за да и помогнат на Украина да се спротивстави на рускиот напредок.

И високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел најави дека европските земји се подготвени да испратат тенкови во Украина и дека се надева дека оваа одлука наскоро ќе биде донесена.

„Мислам дека на Украина и треба офанзивно оружје и тешки тенкови што ги бараше. Некои од европските земји се подготвени да им го испратат“, рече Борељ, пренесе Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.