Бербок за финската премиерка: И политичарите се луѓе

Loading...
Сподели со своите пријатели

„Некои можеби се шокирани, но политичарите се луѓе и имаат приватен живот“.

Со овие зборови германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја бранеше финската премиерка Сана Марин од критики поради видеата од забави кои протекоа во јавноста и станаа тема на медиумите ширум светот.

„Сакам и музика и танц“, изјави Бербок во Копенхаген и додаде дека кога била на одмор отишла на рок концерт.

На видеата се гледа како Марин танцува и пее со другарките.

Поради шпекулациите дека на забавата пред две недели имало дрога, таа направи и тест. Резултатот беше негативен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожарот во близина на Измир „голта“ села трет ден: Над 50.000 евакуирани, хеликоптери и војска на терен

Многу политичари во Финска и Германија ја поддржаа Марин.

Жена политичарка од Зелените објави видео од 2018 година на кое се гледа како танцува на партиски митинг – покрај Бербок.