Бела куќа: На САД им снемува време и пари да ѝ помогнат на Украина

Сподели со своите пријатели

Во писмото до претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон и лидерите на Конгресот, функционерката на Белата куќа Шаланда Јанг предупреди дека на САД им снемува време и пари да ѝ помогнат на Украина во војната со Русија.

Loading...

Во октомври, администрацијата на претседателот Џо Бајден побара од Конгресот речиси 106 милијарди долари за финансирање на амбициозните планови за безбедноста на Украина, Израел и на американската граница.

Претставничкиот дом е контролиран од многу мало мнозинство републиканци, кои сметаат дека финансирањето на Украина станало политички контроверзно.

Во писмото објавено од Белата куќа, Јанг истакна дека прекинот на финансирањето и испраќањето оружје за Украина може да ја зголеми веројатноста за руска победа, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Барак и Мишел Обама ја поддржаа Камала Харис

„Нема магичен фонд“

„Сакам да бидам јасна: без акција на Конгресот, до крајот на годината, ќе снемаме ресурси за да набавиме повеќе оружје и опрема за Украина, како и да набавиме опрема од залихите на американската војска“, напиша таа.

„Нема магичен фонд со средствата на располагање во моментов. Останавме без пари и речиси без време“, изјавила таа.

До средината на ноември, американското Министерство за одбрана искористи 97 отсто од дополнителните 62,3 милијарди долари што ги доби, а Стејт департментот ги искористи сите 4,7 милијарди долари од фондот за воена помош што му беше доделен, пишува Јанг.

За економска помош се потрошени околу 27,2 милијарди долари, а за хуманитарна помош уште десет милијарди.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.