Бегство од фарма: Група ноеви „јурна“ кон слобода (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Околу 80 ноеви побрзале да бидат „ослободени“ од фарма во Кина, и трчале низ улиците на градот Чонгчу на истокот на земјата.

Loading...

Медиумите јавуваат дека причина за ова чудно бегство е тоа што сопственикот на фармата не ги затворил добро безбедносните порти.

Инаку, ноевите можат да трчаат со брзина поголема од 70 километри на час, а возрасните животни се во просек високи 2,7 метри.

Со помош на полицијата, фармерот сепак успеал да ги врати повеќето птици кои му побегнале.

Властите не известија дека некој бил повреден додека ноевите биле пуштени, трчајќи низ улиците.