BBC: Путин ја дига состојбата на готовност низ цела Русија

Сподели со своите пријатели

Владимир Путин ја зголемува состојбата на готовност во речиси сите руски региони откако сфати дека неговата „специјална воена операција“ во Украина не се развива според неговите планови, пишува Би-би-си.

Loading...

Рускиот претседател воведува сè построги безбедносни мерки во регионите на територијата на Русија, а прогласи воена состојба во четири региони кои ги анектираше Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон.

„Путин е под огромен притисок. Украинците ја враќаат територијата што ја окупираа со контраофанзива, руските региони долж границата со Украина се под постојани напади, а општата мобилизација на населението донесе многу немири во руското општество. Наместо да признае дека инвазијата на Украина била грешка, Путин сака уште поголема контрола“, пишува Би-Би-Си.

Ограничување на движењето

Путин ја подигна состојбата на готовност на „средна“ во руските региони на границата со Украина.

Во превод, тоа значи се повеќе полиција на улиците, ограничување на движењето и контролирање и ограничување на влезот и излезот од одредени региони.

Следниот чекор е да се подигне состојбата на готовност на „високо“, што би ја зафатило јужна Русија, но и Москва, чии жители стравуваат дека таквиот потег целосно ќе им го наруши секојдневието.

За ова зборуваше градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин кој рече дека не треба да се грижат иако граѓаните се скептични.

Формиран оперативен штаб низ целата држава

Најниско ниво на подготвеност има на северот на Русија, во Сибир и на Далечниот Исток, но сите регионални лидери мораа да формираат оперативни штабови.

Loading...

Тие добија наредба да бидат целосно достапни за армијата и нејзините потреби во секое време, што, како што тврди Би-Би-Си, автоматски и дава на армијата многу поголеми овластувања.

„Како ќе функционира сето ова останува да видиме. Сепак, јасно е дека со овие последни потези Путин значително ќе ја ограничи слободата на руските граѓани со цел подобро да ги контролира. Доколку ситуацијата во Русија се влоши, следниот чекор е да прогласи воена состојба во поголемиот дел од земјата, па ќе видиме какви последици ќе има“, заклучува Би-Би-Си.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.