BBC: Бурни реакции во Србија поради тоа што Вагнер регрутира платеници за Русија

Сподели со своите пријатели

Британскиот Би-Би-Си денеска пишува дека видеото на паравоената група Вагнер на кое се гледа како српските „доброволци“ тренираат да се борат заедно со руските војници во Украина, предизвикало бес во Србија и ги открило нејзините сложени односи со Москва.

Loading...

Во написот со наслов „Бурни реакции во Србија поради Вагнер кој регрутира платеници за Русија“ се наведува дека можеби е дојден моментот српскиот претседател Александар Вучиќ решително да се сврти кон Запад.

Би-Би-Си во написот објавен синоќа посочува дека претседателот на Србија луто реагирал на тоа видео, на телевизија со национална фреквенција, кога прашал зошто луѓето од Вагнер канат некого од Србија кога знаат дека тоа е спротивно на српските закони.

Според Би-Би-Си, критичарите често ја обвинуваат Србија дека ѝ дава приоритет на долгогодишното пријателство со Русија пред нејзината амбиција за влез во ЕУ, но она што е видено во последните денови во Белград покажува слика која не е толку црно-бела.

Навестувајќи дека односите со Москва се помалку од розови, претседателот Вучиќ рече не само дека Србија е „неутрална“ во однос на војната во Уркаина, туку дека не разговарал со претседателот Владимир Путнин „многу месеци“, пренесува Би-би-си.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски казни 182 компании кои ја поддржуваат Русија

Би-Би-Си потсетува дека, по секоја веројатност, не биле вклучени значителен број српски регрути меѓу платениците на Вагнер и дека некои од Србија навистина се бореле заедно со руските сили во Украина во 2014 година, но без официјално одобрение за тоа.

Се додава дека повеќе од 20 лица се осудени во српските судови за учество во битки на странски боишта.

Како што се наведува во написот, адвокат од Белград и антивоени групи во четвртокот поднеле кривична пријава против рускиот амбасадор, како и против шефот на српската безбедносно-информативна агенција (БИА) за наводно регрутирање Срби за групата Вагнер.

Loading...

Во Белград, каде што, според Би-Би-Си, провокативните мурали се вообичаени, минатата недела на ѕидот во центарот на градот се појави амблем на Вагнер со череп, потпишан од Народни патроли, екстремно десничарска организација која претходно имаше слабо посетени про -Руски собири.

Ниту една од „главните политички партии“ не навести поддршка за инвазијата на Украина, наведува Би-би-си и потсетува дека Србија всушност постојано гласала за резолуциите на ОН со кои се осудува руската агресија.

Потсетуваат и дека претседателот Вучиќ неделава јасно ја истакнал српската позиција, односно дека за Србија Крим и Донбас се Украина и дека „така ќе остане“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите со ракета погодиле станбена зграда во Харков, најмалку еден загинат

Таа позиција, посочува Би-Би-Си, не беше доволна за да го импресионира Европскиот парламент, бидејќи Србија постојано одбива да воведе санкции кон Русија, додавајќи дека по втор пат европратениците усвоија резолуција со која се повикува на прекин на пристапните преговори на Србија додека таа не се согласи да воведе санкции.

Сè додека ЕУ покажуваше мал интерес за проширување на својот блок во земјите од Западен Балкан, имаше смисла Србија да одржува пријателски односи со Москва, пишува Би-Би-Си.

Ова, според Би-Би-Си, го потсети Брисел дека Белград има други опции, евтиното снабдување со гас, мнозинската сопственост на Гаспром во српската нафтена компанија НИС и одбивањето на Русија да ја признае независноста на Косово се практични причини да остане во добри односи со Русија.

Сепак, инвазијата на Украина ги смени перцепциите, се наведува во текстот. Се чини дека на Белград не му било добро кога претседателот Путин го наведе едностраното прогласување на независноста на Косово како оправдување за признавањето на независноста на областите окупирани од Русија во источна Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: „Украина ги одложува преговорите за безбедносна зона околу Запорожје“

Во меѓувреме, Брисел со задоцнување сфати дека неговата воздржаност кон Западен Балкан и остава простор на Русија да се меша, а пристапните преговори за Албанија и Северна Македонија беа брзо деблокирани и Босна доби кандидатски статус.

Loading...

„Според тоа, доколку претседателот на Србија чекаше моментот решително да се сврти кон Запад, можно е тој момент да дојде“, вели Би-Би-Си.

Вучиќ, потсетува Би-Би-Си, предупредил на претстојните „многу тешки“ разговори со специјалните претставници на ЕУ и САД и рече дека во текот на викендот ќе им се обрати на граѓаните за да им каже што се бара и очекува од Србија во однос на Косово и санкциите против Русија.

Би-Би-Си исто така посочува дека Вучиќ претходно давал слични изјави и никогаш не се обврзал на голема промена на политиката, но оваа недела тој повторил дека патот на Србија е кон Запад и во интервју за Блумберг рече дека знае оти патот на Србија е кон ЕУ, и дека нема друг начин

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.