Бајден: САД се непоколебливо посветени на безбедноста на Израел

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден за време на телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека САД се цврсто и непоколебливо посветени на безбедноста на Израел.

Loading...

Бајден ги осуди неодамнешните терористички напади врз израелски граѓани, соопшти Белата куќа.

Се додава дека двајцата официјални лица се консултирале за блиска соработка во борбата против Иран, која вклучува редовни заеднички воени вежби.

„Тие истакнаа дека американско-израелското партнерство останува камен-темелник во спречувањето на Иран некогаш да се здобие со нуклеарно оружје“, се вели во соопштението.

Бајден изјави дека е неопходно да се преземат мерки за подобрување на безбедносната ситуација на Западниот Брег и во тој контекст изрази загриженост за континуираниот раст на израелските населби.

Американскиот претседател ги повика двете страни да се воздржат од понатамошни еднострани мерки.

Официјалните претставници разговараа и за судските реформи во Израел, кои беа предмет на масовни демонстрации со месеци, за кои Бајден рече дека реформите бараат најширок можен консензус, како и дека заедничките демократски вредности отсекогаш биле и мора да останат белег на aмериканско-израелските односи.

Претходно, од кабинетот на израелскиот премиер соопштија дека во текот на разговорот Бајден го поканил Нетанјаху да ги посети Соединетите Американски Држави, а точниот датум на посетата ќе биде договорен подоцна.

Loading...