Бајден повика на мирни и транспарентни избори во Нигерија

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска повика претстојните претседателски и парламентарни избори во Нигерија да бидат мирни и транспарентни.

Loading...

Тој ги повика кандидатите и партиите да ги прифатат резултатите што ќе ги објави изборната комисија на таа земја.

Над 93 милиони Нигеријци, од вкупно над 200 милиони жители, имаат право на глас на претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат во сабота, објави Ројтерс.

„Го поздравувам вчерашниот договор во Нигерија“, рече Бајден во изјавата, осврнувајќи се на ветувањето што сите кандидати го дадоа вчера дека ќе бараат одговор за сите жалби преку судовите.

Со потпишувањето на овој договор партиите и кандидатите се обврзаа да ги прифатат изборните резултати кои ќе ги објави Независната национална изборна комисија (ИНЕК) и да поддржат мирна транзиција на власта, посочи тој.

INEC соопшти дека има преземено мерки за да се осигура дека гласањето е слободно и фер.

– Сите Нигеријци ја заслужуваат оваа шанса да ја изберат својата иднина – слободно и праведно, нагласи Бајден.

Иако САД не поддржуваат ниту еден кандидат или партија, тие силно поддржуваат мирен и транспарентен процес кој ја одразува волјата на нигерискиот народ, рече американскиот претседател.

Loading...