Багдад се пожали во ОН дека Израел го користел ирачкиот воздушен простор за да го нападне Иран

Сподели со своите пријатели

Багдад поднесе жалба до ОН поради употребата на ирачкиот воздушен простор од страна на Израел во нападот врз Иран во саботата, изјави портпаролот на ирачката влада Басим Алавди.

Loading...

Тој наведе дека писмото го осудува „ционистичкиот ентитет за нарушување на воздушниот простор и суверенитет на Ирак со користење на ирачкиот воздушен простор за извршување на напад врз Исламската Република Иран на 26 октомври“, пренесоа агенциите.

Фотографиите и видеата од Ирак објавени на социјалните мрежи покажуваат ракети кои Израел ги користи.

Се чини дека фрагменти од проектили паднале во област северно од Багдад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракета на Хезболах падна во областа на аеродром во Тел Авив

Израелски авиони нападнаа воени цели низ Иран како одговор на иранскиот напад со балистички ракети на 1 октомври врз Израел.

„Владата на Ирак ја потврдува својата цврста посветеност на ирачкиот суверенитет, независност и територијален интегритет. Нема да дозволи ирачкиот воздушен простор или копно да се користи за напад на други нации, особено соседните земји со кои Ирак споделува меѓусебно почитување и интереси“, рече Алауди.

Израел во саботата соопшти дека погодил воени цели во Иран како одговор на иранските напади, поттикнувајќи стравувања дека долготрајната конфронтација меѓу двете моќни војски може да ескалира во сеопфатна регионална војна.

На прашањето дали го користела ирачкиот воздушен простор, израелската војска одговори дека не може да каже ништо повеќе од она што е веќе објавено.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Иран се огласи по победата на Трамп

Иран претходно тврдеше дека Израел го користел ирачкиот воздушен простор за да ги изврши нападите и ги обвини САД за соучесништво.

САД соопштија дека биле информирани за нападот, но не биле директно вклучени.