Автомобил изгоре во кумановско

Сподели со своите пријатели

Патничко моторно возило марка „Пежо 307“ вчера изгоре во пожар на патниот правец кон селото Тромеѓа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Околу 08:18 часот на терен излегле петмина пожарникари со едно противпожарно возило и околу еден час подоцна успеале да го изгаснат пожарот.

Засега се непознати причините кои довеле до опожарувањето на возилото.

Leave a Reply