Автомобил изгоре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Патничко моторно возило вчера изгорело во пожар кој од засега непознати причини избувнал во автомобилот на улицата „Биљановска“ во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, автомобилот го гаснеле тројца пожарникари од ТППЕ Куманово.

Во селото Лојаена била опожарена копа слама. Таму тројца пожарникари интервенирале од 12:35 до 18:30 часот.

Сува трева била опожарена во селото Стрезовце, каде во период од 15:00 до 16:35 часот интервенирале двајца пожарникари.

Leave a Reply