Автомобил изгоре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Автомобил вчера бил запален во Куманово, при што на интервенција биле повикани и припадниците на Територијалната противпожарна единица.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на улицата „Благој Илиев Гуне“ бил запален автомобил при што на терен во 00:30 излегле четворица пожарникари од ТППЕ Куманово и интервенирале до 00:45 часот.

Кумановските пожарникари изминатото деноноќие бележат уште две интервенции.

Во атарот на селото Клечовце горела запалена сува трева, а интервенирале двајца пожарникари во период од 14:35 до 16:25 часот.

Во липковско Ропаљце пак бил запален струјометар и електрични калби. Таму на терен во 16:45 часот излегле тројца пожарникари со едно противпожарно возило при што пожарт бил изгаснат во 17:50 часот.

Никола Ивановски / фото: архива

Leave a Reply