Автобус удри во ѕид од тунел во Кина, 14 загинати, 37 повредени

Сподели со своите пријатели

Четиринаесет лица загинаа, а 37 се повредени во сообраќајна несреќа на патнички автобус во северната кинеска провинција Шанкси, соопштија локалните власти.

Loading...

Патнички автобус удри во ѕид од тунел на автопатот Хохот-Беихаи во Шанкси во вторникот, објави Ксинхуа.

Спасувачките сили излегле на лице место, а истрагата за причините за несреќата е во тек, јавува Танјуг.