Авион ја прелетал пистата и паднал во океан

Сподели со своите пријатели

Авион со седум патници се урна во јужниот дел на Атлантикот во близина на архипелагот Аброљос.

Loading...

Во него со пилотот имало вкупно 7 патници.

Малиот авион ја прелетал пистата на јужниот дел на островот Рат.

Неофицијално, пилотот и патниците останале неповредени по падот на леталото во вода, но како мерка на претпазливост биле пренесени во болница на преглед.

Австралиското биро за безбедност на транспортот ќе ги испита причините за авионската несреќа.