Ауди изгоре во пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Патничко моторно возило „ауди“ ноќва било опожарено во Куманово, информираат денеска надлежните.

Loading...

– На 10.07.2023 година во 01.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул. „Бајрам Шабани“ во Куманово настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Е.Х., информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму во пожарот нема повредени лица.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Четворица пожарникари интервенирале во период од 01:25 до 01:45 часот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Никола Ивановски