Атлетичарка со малку необичен талент (видео)

Сподели со своите пријатели

Руската атлетичарка Ана Белиш поставила рекорд во погодување на метата со стрели стоејќи на рацете, а лакот растегнувајќи го со своите нозе.

Ова е феноменален резултат. Неискусните стрелци не можат да го повторат овој резултат, дури ни ако користат раце – вели уредникот на Руската книга на рекорди.

Атлетичарката метата ја погодила на одалеченост од три метри, иако одалеченост за постигнување на светски рекорд е двојно поголема, односно 6,09 метри.

Издавачите на книгите на рекорди обично добиваат приходи од продажбата на истите кои се со заштитени авторски права, како и од надокнадата за снимање за судиите.

Додека Руската книга на рекорди, наплатува надокнада само за видое снимки подолги од половина час, Гинисовата книга на рекорди објавувањето го наплаќа од 7.500 до 20 илјади долари на компании и правни лица и околу 500 долари на поединци.

Ана Белиш е искусна рекорерка. Како десетгодишпна девојка, таа направила 1.500 склекови за 52 минути, а на 13 години повлекла два патнички автомобили тешки 2,5 тони.