Коосновачот на Викиликс Џулијан Асанж доживеал мозочен удар предизвикан од стрес поради правната борба против екстрадицијата во САД од британскиот затвор Белмарш, изјави неговата свршеница Стела Морис.
„На Асанж му беше дијагностициран транзиторен исхемичен напад по една од неговите жалби до Високиот суд преку видео врска на 27 октомври“, изјави Морис, цитиран од Russia Today.
Таа истакна дека Асанж имал мини мозочен удар, наречен ТИА, кој се смета за предупредувачки знак за тежок мозочен удар и бара лекарска помош.
Асанж оттогаш е подложен на магнетна резонанца и сега наводно зема лекови.
„Џулијан се бори и се плашам дека овој инцидент може да биде претходник на поголем напад. Тоа ги зголемува нашите стравови за неговата способност да преживее што е можно подолго“, рече Морис.
Високиот суд на Обединетото Кралство во петокот го одобри американското барање за екстрадиција на Асанж, кое претходно беше блокирано поради влошеното ментално здравје на Асанж.
Иако пресудата не е конечна и може да биде обжалена од страна на правниот тим на Асанж, таа го носи поранешниот шеф на Викиликс еден чекор поблиску до судење на американско тло, каде што се соочува со 175 години зад решетки доколку биде осуден за шпионажа.