АРМ поставува монтажна болница во Куманово, Костовски повика граѓаните да волонтираат (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Армијата на Република Македонија од денеска започна со поставување на монтажна „полска болница“ во кругот на Општа болница Куманово со цел проширување на капацитетите за лекување на болните од ковид-19.

Loading...

Информацијата на социјалните мрежи ја пренесе пратеникот Мартин Костовски кој денеска бил во посета на болницата и притоа повика граѓаните да почнат да волонтираат во установата.

 

 

– Од денеска праќам повик за волонтирање во болницата во Куманово, јас се пријавив како прв волонтер. Да бидеме одговорни и храбри во оваа тешко време! Секој колку може и колку знае, за Куманово. Ситуацијата е навистина крајно алармантна, поклон до небо за сите здравствени работници, напиша Костовски.

Полската болница во Куманово треба да го зголеми капацитетот за 30 легла.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply