Повеќе Архијереи на Македонската православна црква – Орхидска архиепископија во недела на 19ти декември ќе одржат литургија и литија во Куманово во чест на празникот Свети Никола.
– На ден 19.12.2021 година, кога Светата Црква го празнува споменот на светиот Николај Мирликијски Чудотворец, во митрополитскиот соборен храм Свети Никола во Куманово, со почеток во 08:30 часот ќе се служи Света Божествена Литургија, на која ќе богослужат повеќе архијереи на МПЦ – ОА, стои во известувањето на Кумановско – Осоговската епархија.
По завршување на Литургијата, во 10 часот, прославата ќе продолжи со литија од Соборниот храм до градскиот плоштад во Куманово.
– Ги повикуваме сите верни чеда на МПЦ – ОА да земат активно учество во прославата, во слава на Бога, а во чест на нашиот молитвен застапник, мирликијскиот чудотворец Николај, стои во известувањето на епархијата.
Никола Ивановски