Апокалиптични сцени во Дубаи: Големо невреме го зафати градот, гром удри во Бурџ Калифа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дубаи вчера забележа необични сцени кога обилни врнежи и град го погодија градот кој вообичаено ужива сува клима.

Loading...

Невремето го остави градот во поплави и неколку емирати беа погодени од временските услови.

 

 

Град падна и во различни делови на Абу Даби, а ненадејната промена на времето исплаши многу жители на Обединетите Арапски Емирати поради силните громови кои го придружуваа невремето.

Според порталот „Khaleej Times“, обилни врнежи се забележани во Абу Даби, Дубаи, Рас ал Каима и Фуџаира.

 

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adeel Rajpoot (@adeelrajpoot47)

 

„Галф њуз“ во својот извештај наведува дека во Рас ал-Каима и Фуџаира се забележани порои кои формирале потоци во долините.

Сите државни службеници се известени да работат од дома, а образовните власти одлучија наставата во сите државни училишта да се одвива од далечина.

Сообраќајот во Дубаи беше во целосен колапс бидејќи системите за одводнување не можеа да се справат со толку многу врнежи.

 

 

Loading...

Гром удри и во највисоката зграда во светот Бурџ Калифа.

Националниот центар за метеорологија (НЦМ) исто така издаде црвено-жолто предупредување за продолжено влажно време.

 

 

Периодот на нестабилно време произлезе од „продолжување на горната воздушна депресија, придружена со студена воздушна маса и западен тек, со различна количина на облачност над земјата од запад“, соопшти НКМ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dubai (@dubai0006)

Loading...