Антилопи избегале за време на циркуска претстава во Германија

Сподели со своите пријатели

Две антилопи избегале за време на божиќна циркуска претстава во Нирнберг, соопшти денеска локалната полиција.

Loading...

Додека вработениот во циркусот водел пет животни во рингот, налетот на ветерот ги срушил оградите.

Биле на слобода еден час

Двете антилопи биле толку исплашени што ја прескокнале оградата и побегнале.

Според полицијата, тие биле на слобода еден час.

Антилопите со крвави копита биле фатени и вратени од службите за итна помош.