Аналитичар: Русите нема да можат да повторат ваков огромен напад уште две недели

Сподели со своите пријатели

На руските сили им требаат околу две недели да соберат доволно проектили и друга муниција за да извршат силен напад способен да ја наруши воздушната одбрана на Украина и да предизвика значителна штета, изјави воен аналитичар за Sky News.

Loading...

Еден таков напад се случи вчера, кога Русите истрелаа околу 70 ракети кон Украина, оставајќи ја речиси целата земја без струја.

Александар Коваљенко истакнува дека две недели се „просечниот период на пауза“ за Украина откако Русите извршија голем ракетен напад каков што беше вчера.

Вчера, да потсетиме, во руски ракетен напад загинаа 10 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Русија ќе продолжи да ги зајакнува врските со земјите од глобалниот југ и исток

„Русите брзаа да реагираат на одлуката на Европскиот парламент“

Коваленко рече дека пред следниот голем ракетен напад, Русите мора да ги отстранат ракетите од складиштето, да извршат работи за одржување и да ја испланираат логистиката за нов напад.

„Треба да се забележи дека не поминаа две недели од последниот огромен напад на Украина, но и дека вчерашниот напад беше нешто послаб од оној на 10 октомври“, рече тој.

„Очигледно, Русите брзаа да реагираат на одлуката на Европскиот парламент“, рече тој, сугерирајќи дека Москва го извршила вчерашниот напад како одговор на одлуката на Европскиот парламент, кој ја прогласи Русија за државен спонзор на тероризмот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си: Кина не е ниту страна ниту учесник во украинската војна

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...