Американските бродови без дозвола да го посетат Хонг Конг

Сподели со своите пријатели

Кина го одби барањето на два воени брода на американската морнарица да го посетат Хонг Конг во следните недели, изјавија американски претставници на власта кои сакале да останат анонимни, пренесуваат светските медиуми.

Loading...

Тие рекле дека бродот „Грин беј“ барал дозвола за посета кон крајот на овој месец во Хонг Конг, додека крстосувачот „Лејк Ири“ барал одобрение за посета во септември.

Поради демонстрациите во Хонг Конг откажани сите летови

Еден од претставниците на власта додал дека конкретнат апричина за одбивање не е наведена, но дека таков чекор не е без преседан. Слично барање Кина веќе одбила во септември 2018 година, пренесува Ројтерс.

Политичката криза во Хонг Конг кој е под кинеска управа се продлабочува, а полицијата влезе во судир со демонстрантите кои го блокираа терминалот на аеродромот.

Leave a Reply