Американец живеел во куќа со 124 змии: Починал откако една од нив го каснала (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Маж од Мериленд бил пронајден мртов во јануари во неговата куќа каде што биле сместени повеќе од сто змии.

Loading...

Животните биле сместени во терариуми.

Обдукцијата покажала дека мажот (49) починал откако го каснала змија отровница.

Енди Овен, портпарол на државното Министерство за здравство, вчера потврди дека истрагата заклучила дека се работи за случајна смрт и дека мажот починал од каснување од змија.

Полицијата го пронашла мажот на 19 јануари, а веќе се сомневале дека починал од каснување од змија.

Имено, во неговиот дом биле пронајдени 124 змии. Тие биле сместени во внимателно одржувани терариуми, а некои биле егзотични и нелегални, пишува NBC News.

„Никој не знаеше дека крие толку многу змии во куќата“, рече Џенифер Харис, портпаролка на округот Чарлс во јануари.

Таа додаде дека во куќата биле пронајдени змии ѕвечарки, кобри, црна мамба и бурмански питон долг четири метри.

Loading...