Американците ставија вето за прием на Палестина во ООН

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за „прием на државата Палестина во ОН“.

Loading...

„За“ гласаа 12 земји-членки, а воздржани беа Велика Британија и Швајцарија.

За усвојување на резолуцијата потребни се девет гласа, но под услов ниту една од петте постојани членки (САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина) да не гласа против.

Доколку Советот за безбедност на ОН ја усвоеше резолуцијата, на Палестина ќе и требаше поддршка од две третини од Генералното собрание на ОН за да стане полноправна членка.