Американците Милгром и Вилсон добитници на Нобеловата награда за економија за 2020 година

Сподели со своите пријатели

Американските економисти Пол Милгром и Роберт Вилсон се добитници на Нобеловата награда за економија за 2020 година за унапредување на теоријата на аукции и иновација на нови формати на аукции, соопшти денеска шведската Кралска академија на науките.

Loading...

– Новиот формат на аукции е убав пример како со истражување на основите може дополнително да се креираат изуми кои им користат на општеството, се наведува во соопштението на Академијата.

Нобеловата награда за мир за 2020. ја доби Агенцијата за храна на ОН

Нобеловата награда за економија е во вредност од 10 милиони шведски круни (1,14 милиони долари) и не е една од петте изворни награди востановени во 1895 година од пронаоѓачот на динамитот Алфред Нобел.  Нобелова награда за економија првпат е доделена во 1969 година.

Минатата недела во Стокхолм беа објавени лауреатите на Нобеловата награда за медицина,физика,хемија и литература, а во Осло беше објавен добитикот на Нобеловата награда за мир.

Луиз Глик е добитничка на Нобеловата награда за литература

Нобеловата награда за медицина ја добија двајца американски .добитници се Британецот Мајкл Хотон и Американците Харви Алтер и Чарлс Рајс. Роџер Пенроуз, Рајнхард Генцел и Андреа Гез се добитници на Нобеловата награда за физика за 2020 година за откривање на црните дупки.

Французинката Еманнуел Шарпантије и Американката Џенифер А. Даудна се лауерати на Нобеловата награда за хемија за развој на методата за модифицирање на геномот.

Loading...

Нобеловата награда за литература оваа година ја доби американската поетеса Луиз Глик, а Нобеловата награда за мир ја доби Светската програма за храна на Обединети нации за напорите во борбата против гладта и недостигот на храна ширум светот.

Французинка и Американка добија Нобелова награда за хемија

Наградите традиционално се врачуваат на 10 декември, денот кога почина Нобел (1833-1896), но церемонијата во Стокхолм е откажана поради пандемијата со Ковид-19, а во Осло ќе биде одржана церемонија во помала сала.

Марина Илиевска

Leave a Reply