Луиз Глик е добитничка на Нобеловата награда за литература

Сподели со своите пријатели

Американската поетеса Луиз Глик е добитничка на Нобеловата награда за литература за 2020 година, соопшти денеска Шведската академија.

Loading...

Во образложението се наведува дека наградата ја добила за нејзиниот „непогрешлив поетски глас кој со строга убавина го прави индивидуалното постоење универзално“.

Таа освен признанието ќе добие и награда во вредност од 1,1 милион долари.

Глик е родена во 1943 година во Њујорк во семејство на унгарски Евреи кои емигрирале во Америка, а денес живее во Кембриџ, Масачусетс.

Нејзините дела ги одликува стремеж кон јаснотија. Детството и семејниот живот, блиските односи со родителите и браќата и сестрите, се нејзина централна тема. Шведската академија за книжевност истакна и дека таа „го бара универзалното и во тој процес црпи инспирација од митовите и од класичните мотиви, кои се присутни во поголемиот број од нејзините дела“.

Добитник е на Пулицеровата награда во 1993 година за книгата „Див ирис“.

Луиз Глик е 16-та жена која е добитник на Нобеловата награда, како и прва американска државјанка која ја освои престижната книжевна награда во последните 27 години, откако Тони Морисон ја доби наградата во 1993 година.

Габриела Точко

Loading...

Leave a Reply