Америка испраќа постари модели на тенкови Абрамс во Украина

Сподели со своите пријатели

Американските тенкови Абрамс најверојатно ќе пристигнат на украинското бојно поле во септември, пишува Политико, повикувајќи се на свои извори во Министерството за одбрана и Конгресот на САД.

Loading...

Според информациите, планирано е неколку тенкови „Абрамс“ да бидат испратени во Германија во август, каде што ќе го поминат последниот ремонт, а кога ќе заврши тој процес, првата серија Абрамс ќе биде испорачана во Украина во септември.

САД испраќаат постари модели M1A1, наместо помодерната верзија A2, за која би требало една година да стигне до Украина.

Првичната серија ќе има шест до осум тенкови, а САД планираат да испратат вкупно 31 тенк, според Политико.

„Дефинитивно работиме да ги доставиме до Украина што е можно побрзо“, рече портпаролот на Пентагон, полковник Мартин О’Донел, но одби да разговара за спецификите и датумите на испорака, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.