Александра Боризовска потпиша за грчки ПАОК

Сподели со своите пријатели

Кумановската ракометарка Александра Боризовска потпиша договор со ракометниот клуб ПАОК од Грција.

Loading...

Ова ќе биде втор странски предизвик за кариерата на Боризовска која повеќе години беше капитен на Женскиот ракометен клуб Куманово и каде заедно со останатите минатата сезона го освоија домашното првенство и победија во Купот на Македонија.

 

 

Младата кумановска ракометарка летово потпиша за Умаг.

Дваесет и шестгодишната Боризовска настапува и за женската репрезентација на Македонија.

Никола Ивановски

Loading...