Албанската јавност со остри реакции за дискриминирачки прашања на екстерно

Сподели со своите пријатели

Не стивнуваат реакциите во медиумите на албански јазик, откако на првиот ден од екстрено тестирање, учениците Албанци доставиле слика од дискриминирачки прашања по предметот Граѓанско образование.

Loading...

11350617_10153941429794466_8523937892819603225_n

Имено, во еден дел од поставените прашања, стои напишано дека Агим нема да оди на училиште затоа што треба да чува крави, што за албанските интелектуалци, новинари но и за целокупната албанска јавност, ваквото формулирање на прашањето е пример за дискриминација и расизам, пишува албанскиот медиум Журнал.

Од друга страна, и уредникот на информативната програма на АЛСАТ – М, Мухамед Зекири, на својот Фејсбук профил објави статус во кој прашува до кога Абдулаќим Адеми, како министер за образование ќе дозволи да се случуваат вакви преседани.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *