Акробатка во Кина загина откако падна за време на настап (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кинеска акробатка по име Сан почина во саботата за време на настап во село во близина на градот Сужоу додека изведувала воздушни акробации со својот сопруг.

Loading...

Таа беше пренесена во болница, но почина од повредите, соопштија властите на округот Тонгкиао во понеделникот.

На видео снимката од несреќата се гледа како акробатката на голема височина го губи стисокот, го пушта сопругот, а потоа паѓа на подот на сцената (немале заштитна мрежа).

Нејзиниот сопруг се обидел да ја фати со нозете, но не успеал, пишува CNN.

Настанот ја шокираше јавноста и многумина се запрашаа зошто жената не носи појас и зошто на земјата нема заштитна мрежа.

„Овој вид на воздушни акробатски перформанси е навистина опасен. Барем ставете заштитна мрежа“, напиша еден корисник на кинеската социјална мрежа Weibo.

 

Loading...