„Ако ништо не научиме од оваа криза, ќе доживееме нешто уште полошо“

Сподели со своите пријатели

Главниот експерт за вонредни состојби на Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека светот ризикува нови пандемии доколку доживее „амнезија“ и ако не учи од сегашната криза.

Loading...

„Видов амнезија што се чини дека влијае на светот по трауматски настан и тоа е разбирливо“, рече Мајк Рајан на прес-конференција во Женева.

„Но, ако го сториме тоа повторно како што сторивме по САРС, по вирусот H5N1, по пандемијата H1N1, ако продолжиме да игнорираме што можат да и направат нови и опасни патогени на нашата цивилизација, тогаш веројатно повторно ќе го доживееме истото или уште полошо за време на нашите животи“ рече тој.

Рајан ги критикуваше и развиените нации, велејќи дека северните земји управуваат со здравствените системи како „нискобуџетни авиокомпании“ и дека сега светот плаќа за тоа.

„На север, поради моделот на управување со трошоците на здравствениот систем, поставивме нашите здравствени системи да се користат 95, 98 или 100 проценти. Тоа е скоро како моделот на нискобуџетни авиокомпании за здравствени системи”, рече тој.

„Па, сега ја плаќаме цената за тоа, затоа што немаме вграден капацитет за брзо проширување на нашата способност да одговориме, затоа што на здравјето гледаме како на трошок во нашите економии, како на товар на развојот, да ја оптеретуваме економијата и сега мора да преиспитаме што значи тоа“, предупреди Рајан.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, апелираше од Женева до сите земји во светот да не ја политизираат истрагата за потеклото на коронавирусот, бидејќи тоа може да создаде пречки на патот кон откривање на вистината.

„Треба да знаеме од каде потекнува вирусот за да можеме да спречиме појава на инфекција во иднина. Нема што да криеме: сакаме да знаеме од каде потекнува вирусот, и тоа е тоа”, предупреди Тедрос.

Loading...

Кинеските државни медиуми јавуваат дека вирусот постоел во странство пред да стигне до Вухан, град во централна Кина, наведувајќи дека е увезен на амбалажата за замрзната храна и дека научните списанија пишуваат дека вирусот влегол уште минатата година во хумана циркулација.

Leave a Reply