Ако често го прескокнувате овој оброк ризикувате да паднете во депресија!

Сподели со своите пријатели

Веќе знаеме дека постојат врски помеѓу она што го јадеме и менталното здравје, а сега во една нова студија е утврдено дека прескокнувањето или одложувањето на оброк, особено појадокот, може да го зголеми ризикот од депресија!

Loading...

Исто така, откриено е дека и тоа кога јадете може да има влијание!

Намирници кои не треба да ги јадете на празен стомак

Објаснувајќи зошто го спровеле истражувањето, објавено во списанието „Психолошка медицина“, авторката на студијата, д-р Јохана Вилсон, од Универзитетот во Тасманија, рече:

– Студијата покажа дека здравата исхрана е поврзана со помал ризик од депресија. Се прашувавме дали времето што луѓето јаделе во текот на денот е поврзано со повисок или помал ризик од депресија, рече Вилсон.

За да открие, тимот побарал над 1.000 луѓе (на возраст од 26 до 36 години) да запишат колку јаделе претходниот ден. Потоа, ги замолиле истите учесници да одговорат на истите прашања пет години подоцна, кога имале меѓу 31 и 41 година.

Лошите навики за појадок што му штетат на здравјето

Учесниците исто така, секогаш ја завршувале проценка на нарушувања на расположението, како што се депресија, дистимија (постојана, лесна депресија) и биполарно растројство.

Loading...

Резултатите откриле дека оние кои прескокнувале или јаделе доцен појадок биле повеќе склони кон нарушувања на расположението, во споредба со учесниците кои одржувале повеќе традиционален распоред за појадок, ручек и вечера во приближно исто време секој ден.

– Нашата студија потенцира дека периодот кога јадете може да биде важно за вашето здравје, не само што и колку јадете. Откривме дека луѓето кои имаат тенденција да го прескокнат или одложат појадокот и го консумираат најголемиот дел од дневниот внес подоцна во текот на денот, имаат поголема веројатност да имаат нарушувања во расположението – изјави Вилсон за „Псипост“.

Дали сте слушнале за „bulletproof“ кафе? Еве зошто луѓето од шоу бизнисот го обожаваат!

„Може да се должи на ефектот на јадење во исто време кај хормоните, но може да зависи и од тоа дали некој е човек од утрински или вечерен тип“, додава таа.

Иако студијата била спроведена во долг временски период, треба да се напомене дека нешто повеќе од илјада студии на случај не се огромен број.

Треба да се земат предвид и други фактори, како што е депресијата, што честопати ги тера луѓето да бидат немотивирани – што пак може да влијае на нивната способност да се придржуваат до редовна исхрана, па дури и подготовка на оброк.

Leave a Reply