Ајкула уби жена, нејзиното семејство беспомошно гледало

Сподели со своите пријатели

Жена од Пенсилванија (58) почина по напад на ајкула на Бахамите, соопшти полицијата.

Loading...

Жената и нејзиното семејство, кои биле патници на „Harmony of the Seas“ на Royal Caribbean, биле во посета на Њу Провиденс, каде што резервирале екскурзија.

„Семејството наводно нуркало во водата и областа е позната по нуркачите“, соопшти полицијата, додавајќи дека членовите на семејството забележале бик ајкула како ја напаѓа жената.

Според Ројтерс, семејството и вработените во туристичката агенција се обиделе да ја спасат жртвата.

Полицијата соопшти дека жената се здобила со тешки повреди на горниот дел од телото.

Инаку, несреќата се случила еден месец откако осумгодишно момче од Британија преживеало напад од три ајкули на Бахамите.