Агенцијата АП бара враќање во Белата куќа преку суд

Сподели со своите пријатели

Претставници на американската новинска агенција Асошиетед прес побараа од американскиот федерален суд да и наложи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го врати целосниот пристап до Белата куќа, која беше одземена пред месец и половина, бидејќи АП одбива да го нарече Мексиканскиот Залив „американски“, како што нареди претседателот Трамп.

Loading...

На 24 февруари, федерален судија ја отфрли жалбата за скратена пресуда поднесена од АП, столб на американското новинарство, барајќи враќање на целосниот пристап до Белата куќа, но без да донесе одлука за основаноста на спорот.

Тој побара од двете страни писмено да ги изнесат своите аргументи и закажа ново рочиште на кое ќе се разговара за нив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шокантни сцени од Ванкувер, возач уби 11 лица

Сепак, минатиот четврток судијата не донесе одлука, туку изјави дека тоа ќе го направи „во соодветно време“.

Агенцијата беше конкретно забранета од Овалната соба на Трамп и официјалниот претседателски авион, Ер Форс 1, поради одбивањето да се придржува до новото американско име за Мексиканскиот Залив, кој Трамп со извршна наредба го преименува во „Американски залив“.

На 21 февруари, АП поднесе тужба против Сузи Вајлс, шефица на кабинетот на Белата куќа, Тејлор Будович, еден од нејзините заменици и Керолин Левит, претседателската портпаролка.

Адвокатот на агенцијата Чарлс Тобин ја осуди „гнасната одмазда“ која, како што рече, имала „застрашувачки ефект врз целата новинарска активност“ во Соединетите држави.

„Од нашето протерување, имавме многу тешкотии да останеме во трката со конкурентските медиуми“, рече главниот фотограф на АП во Белата куќа, Еван Вучи.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  За кого беше наменет третиот стол во базиликата „Свети Петар“? Зеленски и Трамп не беа сами?

Адвокатот на Министерството за правда, Брајан Худак, одговори во име на администрацијата на Трамп дека давањето пристап до новинарите спаѓа во привилегија на Белата куќа.

„Нема право на пристап до печатот до владините институции според Првиот амандман на Уставот на САД, кој ја гарантира слободата на печатот и изразувањето“, рече тој.

Администрацијата на Трамп тврди во своите писмени аргументи доставени до судот дека овој случај „се однесува на тоа дали Уставот бара од претседателот на САД да го фаворизира Асошиејтед прес пред сите други медиуми и да му даде постојани привилегии и посебен пристап само затоа што претходните администрации така одлучија“, заклучувајќи дека „одговорот е категорично „Не!“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 68 мртви во американски напад во Јемен

Во уреднички коментар АП наведува дека наредбата на амедиканскиот претседател за промена на називот од Мексикански во Американски залив важи само во САД, додека Мексико, другите земји и меѓународните институции не се обврзани да го почитуваат.

„Асошиетед прес ќе продолжи да го користи оригиналното име, притоа почитувајќи го новото име избрано од Трамп“, наведува агенцијата, потсетувајќи дека Мексиканскиот Залив се нарекува така повеќе од 400 години.

Агенцијата АП, основана во 1846 година од група њујоршки весници, вработува повеќе од 3.000 луѓе ширум светот.

Според податоците за 2023 година, објавила повеќе од 375.000 текстови, 1,24 милиони фотографии и 80.000 видеа.